Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност и во деновите на најавениот штрајк.

– Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата – се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Од таму додаваат дека согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството, но не и за време на штрајк.

– При остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст – стои во соопштението.

Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК) соопшти ќе почне со генерален штрајк од 11 април, па се до исполнување на барањата за зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.