Фото: Федерална Влада на Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 11 јуни ќе ги посети Македонија и Бугарија, во рамките на неговата дводневна посета на Западен Балкан, јави „Дојче Веле“. Олаф на 10-ти јуни ќе ги посети Србија и Косово, каде, според портпаролот на германскиот канцелар, ќе ги посети и германските групи во составот на КФОР.
Можеби ќе ве интересира

Истиот ден, а на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ќе оди на вечера со претставници на земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“, а следниот ден ќе ги посети Македонија и Бугарија.

Според соопштението од кабинетот на Шолц, во фокусот на неговото патување ќе биде ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан, како и придонесот на Германија во унапредувањето на регионалната соработка и надминувањето на билатералните блокади. Меѓу главните теми ќе биде и заедничката реакција на руската агресија врз Украина.