Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пред присутните граѓани на протестот насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“ се обрати познатиот уметник Петар Ѓорѓиевски Камиказа облечен во неговиот дрес со натпис Македонија.

-Со овој дрес што го имам на мене имам истрчано преку 100 маратони во целиот свет и никому не му пречеше, а сега се најдоа некои да им смета светото име Македонија, Македонците и македонскиот јазик- потенцираше Георгиевски.

Тој им порача на присутните и на институциите во државата дека народот нема да отстапи ни педа повеќе и нема да дозволи нови понижувања..

-Не даваме педа од оваа земја, не даваме педа од тоа што е наше и со крв спечалено. Имаат ли они некоја песна со која може да се пофалат кај што се пее за Бугарите? Нема, значи што немаат? Тоа што сакаат да ни го земат.


Јачева Улчар: За мене како Македонка е неприфатлива оваа понуда

Со кое право на некои јазици многу по слични на нашиот со бугарскиот никоја земја не им го оспорува да се именуваат понинаку, а нам да ни се скратува крваво спечаленото вакво право – изјави Елка Јачева-Улчар на денешниот протест насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“.

– Понудата од бугарска страна е да се обезимени нашиот јазик кој како Македонски егизстира и во научната и во светската јавност без малку еден век. Македонскиот јазик Македонци не е ничиј дијалект. Тој како секој стандарден национален јазик ги има развиено сите потребни функционални стилови што ги има секој стандарден јазик во светот –  кажа Јачева Улчар.

Таа истакна со кое право и според кои Европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од својот јазик, историја и така обезличени да си го спечалиме влезот во Европската Унија.

– Неприфатлива треба да биде и за оние кои сакаат да го потпишат овој предлог и да го стават во заложништво својот народ и својот основен идентитетски осовен столб македонскиот јазик – кажа Јачева Улчар.

Јачева Улчар додаде дека токму затоа оваа понуда од страна на ЕУ, за неа како Македонка е неприфатлива.

– Затоа од овде сакам да порачам, не правете го тоа и послушајте си го својот народ и оболете го својот двор. Во спротивно во историјата со име и презиме ќе бидете запаметени како предавници на вековните идеали и борба на своите предци – заклучи Јачева Улчар.