Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Фејсбук-страницата на ОМО Илинден била блокирана речиси истовремено со средбата на претставниците на оваа организација и на неколкуте други здруженија на Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, како што информира претседателот на ОМО Илинден Стојко Стојков за „Нова Македонија“. Тој наведува дека блокадата била под чудното и лажно обвинение за „спам“ (испраќање речиси идентични небарани пораки до голем број корисници).

Претседателот Пендаровски денеска прими ги приме претставниците на неколку здруженија на Македонците од Бугарија, кои го информираа за нивната работа и активности.

Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот оценил дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот.