Вишата јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, во одговор за „Сител“, вели дека патувањето за мечот меѓу Италија и Македонија во Палермо го платила од свој џеб.

-Пред сѐ, сакам да им честитам на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на победите на нашата држава за многу значајната победа над Италија и да посакам иста таква да оствариме и во Португалија. Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот, (овој и на другите), сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и те како значаен успех – пишува обвинителката Фетаи.

И министерот за правда, Тупанчевски вели дека на свој трошок бил во Палермо.

Ним друштво им правеше и Претседателот на судот во Кавадарци, Лазар Нанев.
Попладнево, сите заедно излегоа од авионот на ФФМ со кој пристигнаа и македонските фудбалери.
Денес, СДК.мк се обратил кај претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, која вели дека тие самите треба да си кажат кој им ги платил трошоците за следење на македонската фудбалска репрезентација.
-Ако службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување – вели Ивановска.