Го осудуваме крајно неодговорното однесување на лидерот на опозициската ВМРО–ДПМНЕ кој очигледно е опседнат со ЕСМ и со енергетиката и покрај тоа што нема никаква основа, реагираат од ЕСМ Електрани.

– Мицкоски како советник во Владата на Никола Груевски ја зголеми цената на струја за 100 посто. Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ купуваше струја за над 200 евра од мегаватчас во моменти кога цената на берза изнесуваше 50 евра за мегаватчас. Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ дозволи 10 години да не биде направен ремонт на трите блока на РЕК Битола. Мицкоски не исплаќаше К-15 на вработените во АД ЕСМ. Мицкоски ниту еднаш не ги покачи платите во ЕСМ. Зошто тогаш Мицкоски смета дека има легитимитет воопшто да зборува за енергетиката? Потенцираме уште еднаш дека Христијан Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, во услови кога немаше светска енергетска криза и цената на струјата на берзите се движеше помеѓу 40 – 50 евра за мегаватчас, купуваше и увезуваше струја во вредност од над 200 евра за мегаватчас заради непроизведство од домашните капацитети. Наместо да шири паника меѓу граѓаните, Христијан Мицкоски нека ги советува градоначалниците како да ги намалат трошоците за струја, без да се поигруваат со системот. АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниту еден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од Владата. АД ЕСМ изминатите пет години е заштитник на цената на струјата за граѓаните. И ќе биде се додека на чело на компанијата е овој менаџерски тим – стои во реакцијата.

Мицкоски најави протестно лето со цел да има парламентарни избори