Фото: Архива

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, се вели во соопштението од партијата.

– Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи – истакнаа од ДУИ.

Партијата од владината коалиција повикува на смиреност и не поттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.

Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа.