Фото: Игор Бансколиев

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

На места ќе наврне поголема количина на воден талог. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 21 до 28 степени. УВ индексто ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во делови од котлината со пообилни врнежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Виница, 23 литри на метар квадратен, а најмалку во Гевгелија, два литра.

Како што соопшти УХМР; до 8 часот утрово измерени се и 16 литри на метар квадратен воден талог во Крива Паланка, 14 во Берово, 13 во Скопје-Петровец, 9 во Струмица, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, 6 во Штип и Маврови Анови, 4 во Дебар, Дојран и Попова Шапка, како и 3 во Ѓуриште.

И утрово времето е променливо облачно, а на повеќе места, особено во северозападните и источните делови, повремено врне пороен дожд, но има и грмежи и засилен ветер.