Екипата што ќе ја претставува нашата земја на 26. oлимпијада / Фото: Фејсбук / Сојуз на математичари на Македонија

Македонски тим математичари освои четири медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) 2022 која се одржа во Сараево од 28 јуни до 3 јули.

Како што соопшти Сојузот на математичари на Македонија, Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а Димитар Фидановски и  Марко Митевски освоија бронзени медали.

-На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева. Дамјан Давков го освои златниот медал со максимален број бодови. Ова е најголем успех во последните десетина години – информира Сојузот на математичари.