Фото: Архива

Обединување и прекин на разговорите на мешовитата комисија, побараа историчарите на научната конференција по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.

За историчарот Тодор Чепреганов овие разговори се беспредметни, особено затоа што не постои ниту еден документ дека Делчев се борел за бугарските интереси.

Прашува и, како ќе го чествуваме заедно, кога за Бугарите тој се борел за Санстефанска Бугарија, а за нас за формирање на самостојна македонска држава.

Чиј е револуционерот, вели, најдобро се гледа од колективната меморија, а Делчев го нема во меморијата на Бугарите.

Историчарот предупредува и дека е забележлива промена во наративот во Бугарија, каде сега се тврди дека Делчев се борел за македонските Бугари, иако досега велеа дека се борел за Бугарија.

Конференцијата продолжува и утре, како и низа други активности со кои се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.