Фото: Принт-скрин

Десет дена трае потрагата по последниот исчезнат Македонец кој беше повлечен од морските струи на Халкидики. Неговиот брат Горан се приклучи во потрагата и испрати апел до грчката Влада да се вклучи во потрагата затоае премногу скапа.

– За жал нема резултат. Заглавени сме во друга држава, но не можам да си заминам без брат ми. Потрагата е прескапа затоа што се изнајмуваат чамци и подводни дронови. Моето семејство не може повеќе да си дозволи – вели Горан.

Тој денес се заблагодари до сите доброволци и оние кои учествуваат во потрагата по Мартин.

Мартин и неговите двајца пријатели биле на одмор на Халкидики, кога славејќи го роденденот на нивниот 30-годишен пријател Иван, завршиле во водата борејќи се за да преживеат. Иван беше пронајден следниот ден напладне, а првиот исчезнат, 25-годишниот Васил, веднаш го лоцирала крајбрежната стража.