Фото: Игор Бансколиев

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека за време на ненајавените протести пред Собранието, денеска 14.07.2022 година (четврток), затворени за сообраќај се следниве улици: ул. „11-ти Октомври“ на потегот од бул.„Кочо Рацин“ до ул.„Димитрије Чуповски“ и ул.„Даме Груев“ на потегот од ул.„Македонија“ до ул.„11-ти Октомври“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.