Фото: М.М.

Со средства обезбедени од Повикот за капитални инвестиции во образованието и училиштата, од Министерството за образование и наука, почна реконструкцијата на фасадата на ОУ „Коле Канински” – Битола.

Фасадата ќе биде енергетски-ефикасна, со што ќе се заштедат средства за затоплување на училишните простории.

– Инвестицијата ќе чини околу 130.000 евра, обезбедени средства од Повикот за капитални инвестиции во образованието и уцилистата, од Министерството за образование и наука. Ова е прва ваква темелна реконструкција на фасадата на училиштето од неговата изградба во 1963 година-вели Зоран Мирчевски, директор на училиштето.

Според Мирчевски паралелно со изградбата на новата енергетски ефикасна фасада, во ОУ “ Коле Канински “ се работи и на реконструкција на ракометното игралиште, кое со проектот ќе добие гумирана подлога, а просторот ќе биде ограден со жичена ограда, со што ќе се добие поголема безбедност на учениците.
M.M.