фото: Влада

Никој не треба да заборави дека работникот е на прво место, човечкиот капитал е пред се, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пред учесниците на денешниот првомајски протест.

Битиќи од пред Владата, која беше и завршното место на протестот, подвлече дека унапредувањата на правата на работниците не се случува еднаш засекогаш.

– Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарот на трудот, за безбедноста при работа, како и за сите други права кои се забораваат, посебно за време на кризи – истакна Битиќи кој заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги пречека синдикалците.