Фото. Принт скрин МИА

Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро, изјавија за МИА денеска од Амбасадата на САД во Скопје.

Изјавата беше дадена на прашање од МИА, како САД реагираат на постапката на бугарската влада со отворање во Битола на културен центар со назив „Ванчо Михајлов“, контраверзна личност во земјава пред сѐ затоа што соработувал со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна.

Во врска со ова САД повикаа на брзо решавање на билатералниот спор меѓу двете земји.

– Продолжуваме со повикот до Бугарија и Северна Македонија да го решат овој билатерален спор-се вели во одговорот од Амбасадата.

На прашањето што прави официјален Вашингтон за да се убеди Софија да ја подигне блокадата за интеграција на земјава во ЕУ, од Амбасадата рекоа дека двете земји ги задоволуваат условите за почеток на преговорите.
И од Стејт департментот вчера укажаа дека САД даваат силна поддршка за влез на државата во ЕУ.