Aртилериска стрелба за членството во НАТО

436

Со чинот на истрелување на шест плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на Армијата од касарната „Илинден“ во Скопје, на симболичен начин се означи официјалното пристапување на Република Македонија во НАТО како нејзина триесетта полноправна членка.
Истрелувањето на артилериските плотуни се изврши веднаш по депонирањето на пристапниот протокол во Стејт Департментот, кој беше финалниот акт за формализирање на полноправното членство во НАТО, со што се целосно се оствари оваа стратегиска определба на нашата држава.