Архива / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Патријархот Порфириј, поглаварот на Српската православна црква прв одржа говор по заедничката литургија меѓу двете цркви.
Пренесуваме делови од говорот на српскиот патријарх:

„Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и змејата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје.

Да се радуваме сите ние кои после 55 години служевме Света литургија, прво во Белград, а сега и во Скопје, за само неколку дена.

Бог не ги постави границите да се делат луѓето. Границите значат можност секој народ подобро да се организира да има свој посебен печат. Не да се затвори во себе, не да биде самозаљубен. Бог ја создаде различноста и секому даде дар на посебност.

Затоа секогаш треба да знаеме дека сите треба едно да бидеме, иако сите сме разлини, во едно сме едиснтвени. Во Христа сме едно.

Еден е Господ и една е црквата негова и една е верата наша.
Затоа денеска неописиво се радуваме. Пред нашите се случува чудо. Ние сме дел од тоа чудо.

Вашата љубов и молитви и во Белград и тука помогнаа да се надмине искушението и Господ да направи чудо. Дека не можеме едни без други. Воспоставивме единство
Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, го одобрува и ја прифаќа автокефалноста“-заклучи во својот говор српскиот патријарх.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

– Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА-рече патријархот Порфириј.

Радосната вест беше пречената со неколку минутен аплауз од присутните во Соборниот храм во Скопје.