Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер. УВ=8 

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а дневната температура од 21 до 32 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната температура до 29 степени. 

Следува период на стабилно време, до петок ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло. Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.