Mинистерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека во согласност со Законот за празниците на РМ, 21 декември 2020 година (понеделник) е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

Овој датум се одбележува како Ден на настава на турски јазик.

Воедно, Министерството на граѓаните од турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.​