Животот на сите што беа во Соранието на 27 април минатата година беше подеднакво важен, но ако исходот на некој од лидерите беше смртен, ќе настанеше безредие и ќе избиеше граѓанска војна, рече спикерот Талат Џафери во вечерашното гостување на Топ тема.

За веме на инцидентот, Џафери, како што истакна, комуницирал со семејството, со медиумите, домашни и странски, како и со претставници од партијата.

– Точно е, му се јавив на министерот да прашам што се случува, а директрот не можев да го добијам – нагласи претседателот на Собранието.

Пред отворањето на вратите во Собранието, неговата проценка била дека, ако Али Ахмети е во Парламентот, сиот гнев на граѓаните ќе биде истурен врз него имајќи го предвид минатото, 2001 година.

– Потенцијално, неговото присуство би резултирало со она што му се случи на Села. Во судска постапка се докажува дека Села го оставиле зашто мислеле дека е починат – рече Џафери.

Осврнувајќи се на случувањата тој ден, истакна дека првично почнал нападот врз СДСМ, а кога се увидело колку е сериозна ситуацијата, дека има луѓе со маски и дел вооружени, Заев им рекол на пратениците дека на претседателот на Собранието не смее да му се приближи никој, по што Џафери се повлеков назад. 

– Од Собранието не евакуираа во касарната „Ѓорче Петров“. Откако се дозна дека Села е повреден, пред да одам дома, го посетив. За Шекеринска не дадоа податоци каде е, поради што не можев да ја видам – рече Џафери.

Во врска со обезбедувањето, нагласи дека Собранието не е самостојно во секоја смисла. – Имаме Собрание кое зависи од општиите и заедничките работи на Владата, подвлече Џафери.