Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со премиерот Зоран Заев, кратко пред почетокот на седницата за пратенички прашања.

Како што сенаведува во соопштението од собраниската прес-служба, на средбата биле разгледани сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието.

– Наша заедничка констатација е дека парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно решение за продолжување на работата на Собранието. Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието, согласно Деловникот за работа – истакнале соговорниците.