Претседателот на Собранието на Републиката, Талат Џафери испрати покани за учество во набљудувањето на изборот за претседател на државата што ќе се одржи на 21 април 2019 година (недела), прв круг и на 5 мај 2019 година (недела), втор круг.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, покани се испратени до претседателите на Европскиот парламент, на Парламентарното собрание на НАТО, на Парламентарното собрание на Советот на Европа и до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ.