Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со дипломатски одговор пристапи кон новинарско прашање во врска со тоа дали се подготвени листи, кои први четворица обвинители ќе бидат реизбрани од Советот на јавни обвинители, според предлог законот за Јавното обвинителство.

-Ние сме професионалци. Се надеваме дека цел тим ќе останеме уште еден мандат да работиме. Тоа ни е желба. Ги поддржувам сите мои колеги. Имаме уште две места кои се ослободени. Според одлуката на Советот на јавни обвинители имаме право уште двајца колеги да бидат дел од тимот- рече Јанева.

Таа додаде дека тоа ќе биде во ингеренции на Советот за јавни обвинители.

-Вие знаете дека во моментот кога бевме избрани јас и мојот тим пред три и пол години, не калкулиравме со тоа да останеме трјано- рече шефицата на СЈО.