Во текот на гостувањето во емисијата „Алфа анализа“, Ѓорѓи Илиевски поранешен просветен инспектор, директор и секретар за образование во однос на актуелните предложени реформите во основното образованието вели дека изненаденост доаѓа од сите институции,  почнувајќи од највисоката институција МАНУ, кои што се изненадени од ваквото нешто.

Според Илиевски доколку сакаме да направиме системски реформи во основното образование, ни требаат проекција и елаборати кои ќе бидат на расправа на сите чинители во нашава држава.

– Дали ја имаме снимено општата состојба во образованието, особено основното образование. Бидејќи се зборуваа за некоја Финска, Норвешка, европски земји. Да видиме најпрво дали Финска е кај нас. Дали во Финска има наше Богорче или Центар Жупа, во беровскиот крај. Каде што имаме училишта со ќумбиња, со немање на подови, со руинирани вециња, односно полски вециња. Сето тоа треба да се анализира и да се бара. – вели Илиевски во „Алфа анализа“

Според Илиевски, кој четириесет години е дел од образованието, на Македонија и требаат реформи, тоа е неминовна потреба и тоа го покажуваат многу анализи. Затоа тој во 2012 година ја објавил книгата „Постапките на реформските процеси на образованието“, на која е рецезент професорот Никола Петров – доајен на македонската педагогија. Во овој труд Иливески  забележува дека имаме расчекор помеѓу теоријата која треба да биде во образованието и практиката.

– Ние сакаме реформи ама тие треба да бидат постепени и темелни. Истражувањата покажуваат дека имаме потреба од нова методологија, нов дидактички приод, методолошки приод во работата со учениците. Мора да потсетиме една работа – Македонија не е пуст остров образовен. Македонија ја дала писменоста низ историјата. Од Кирил, Методиј, Наум итн. – вели Илиевски

Треба да знаеме што е образованието. Ако сакаме да одиме во чекор со европските земји; економски равој, индустријализација, технологија, компјутеризација итн. Прво треба да знаеме кај ни е образованието. А што е образованието. Како развој, образованието е развоен процес, ресурс кој создава ресурси, кој што е неминовна потреба. Без образование неможеме да имаме и наука, а знаеме колку одвојуваме за науката. Ете тогаш каква ќе ни биде економијата, каква ќе ни биде индустријата. Без тоа ние не можеме да имаме и култура.

Во однос на актуелните реформи, Иливески вели дека ние немаме проекција, ние немаме елаборат. Ние не ја знаеме големата слика која што треба да ја имаме за образовниот систем. Дека треба да има критичко мислење, дека треба да има творечко мислење. Треба да има, како што вели мојот почитуван доајен на педагогијата Никола Петров – колерација, а не интегрираност на тие наставни предмети. – вели поранешниот просветен инспектор во „Алфа анализа“

Според него доколку се укинат предметите во основното образование, се создаваат проблеми во средното и високото образование. Со укинување на предметите во основното образовани, ќе треба да укинеме и многу факултети. – вели Илиевски