Ѓоко Камчев ќе биде пратеникот кој ќе седне на местото на Никола Груевски, дознава „Макфакс“. Тој беше пратеник од 2014 до 2016 година.

Камчев е дипломиран политиколог.

Денеска на дневен ред на собраниската седница е предлогот за одземање на мандатот на Груевски, поради неоправдано отсуство на пратеникот повеќе од шест месеци.