Извршителите денеска не се на работа, не извршуваат туку штрајкуваат. Тие остро негодуваат на новиот тарифник што го предлага Министерството за правда, а треба да се најде на владин дневен ред утре, кој предвидува наградата за извршителите да не биде поголема од 300 евра наместо досегашните 1.000 евра. 

Исто така, од ресорното Министерство предлагаат и да има репрограмирање на долговите на граѓаните, отпис на каматите и да се намали извршувањето врз пригодите од една третина на една петина.

Извршителите дури и се заканија дека ќе ги затворат канцелариите.