Во викенд-изданието на „Нова Македонија“ прочитајте ја најновата колумна на Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ

Триесет години од стекнувањето независност на Република Македонија е исклучителен повод да се направи компаративна анализа и научна интерпретација на републичката, регионалната, и меѓународната положба на Македонија и меѓусебните односи на повеќе фактори, кои се рефлектирале и сѐ уште се рефлектираат врз перспективите на македонската држава. Ваквата анализа е условена и од потребата да се разгледаат политичките, правните, економските, и другите предизвици со кои се соочува Македонија, при тоа, водејќи сметка за моменталната геополитичка карта на светот и имајќи ги во предвид идните развојни и стратешки трендови на Македонија, регионот, и светот. Ако патот на Македонија кон ЕУ води преку целосно национално обезличување со бугарска асимилација на македонскиот национален идентитет, зар тоа не преставува неизбежно исчезнување, изумирање на Македонија, запрашува академик Коцарев во својата анализа.