Ракометниот клуб Металург вчера донира пакети со бебешка облека за првата приватна општа болница ,,Ре-медика“. Донацијата се состои од бебешки шпилхозни, лигавчиња и маички за новороденчињата. Зорица Блажевска, од неодамна првиот човек на управата на ракометниот клуб Металург, изјави дека многупати досега клубот учествувал во вакви слични акции.

– РК Металург секогаш негува чувство за општествена одговорност. Многу често сме учествувале во хуманитарни акции. Оваа донација се случува на почетокот на мојот мандат и поради тоа ми е особена чест и задоволство – вели Блажевска.
Медицинскиот директор, проф. д-р Андреја Арсовски изјави дека секоја донација од ваков вид е важна.

– Битна е и промоцијата на односите со разни други институции, организации, во случајов со Металург и тоа навистина наметнува една нова димензија на нашата работа и во смисла на општественото влијание кое ,,Ре-медика“ го има. Им благодарам на донаторите за подароците за бебињата – рече Арсовски.