Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека тој заедно со другите потпретседатели на СДСМ во текот на минатата недела ги понудиле нивните оставки, а Централниот одбор вчера ги прифатил. Шилегов порача дека треба да се прави разлика помеѓу термините разрешен, сменет и дадена оставка.

– Уште пред почетокот на седницата на Централниот одбор кажав дека нашата задача е по победата на претседателските избори да креираме внатрепартиски политики кои ќе гарантираат таква иста победа на парламентраните избори, со цел во Македонија конечно да ги елиминираме простотилокот, примитивизмот и фашизмот што ги промовира ВМРО ДПМНЕ во изминатите 15 години – изјави Шилегов.

Тој рече дека оставка даваат луѓе со интегритет, а тие покажале дека имаат политички интегритет кога ги понудиле оставките.