Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност, напиша на социјалните мрежи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Реконструкциите на објектите на командата на СЕЕБРИГ во Куманово, објектите на ренџерите и гардата во касарната Илинден ги работевме со издвоени 20% од цената за чинење наменети за енергетска ефикасност. На истиот начин ќе ги реновираме и објектите на воената полиција во Илинден и уште два објекти во касарната во Штип – наведува министерката во објавата.

Таа додава и дека годинава почнува проектот за гасификација на касарните во Петровец и Куманово, кои се загревале на мазут и нафта.

– Решени сме да дадеме најголем можен придонес во намалувањето на загадувањето, користењето на чистата енергија и во заштитата на животната средина – посочува Шекеринска.