Судијката Цветанка Периќ од Апелацискиот суд во Скопје, е избрана за нов врховен судија кривичар во Врховниот суд со 13 гласа.

На огласот се пријавиле четворица кандидати, меѓу кои, и членот на Советот, апелацискиот судија, Зоран Теофиловски, судијката од Штип, Данка Ристова, управната судијка Снежана Трповска. Теофиловски и Трповска ги повлекоа пријавите.

Периќ има шест години и осум месеци стаж како апелациски судија и беше прворангирана со 258 бодови.

Одбраната на осудениот Никола Груевски во случајот „Тенк“ на СЈО, побара изземање на претседателката на судечкиот совет, Цветанка Периќ, затоа што против неа во Судскиот совет имало постапка за утврдување одговорност за една судска одлука.