Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваше на 11-тата регионална средба на директорите од пензиските фондови и заводи од поранешна Југославија, Албанија и Австрија, која што се одржува во Охрид. На конференцијата се разменуваат искуства поврзани со спроведувањето на пензиските реформи во регионот и се договараат идните чекори за соработка меѓу фондовите.

– Со пензиската реформа дадовме сите по малку, и помладите и повозрасните и направивме заштеда од околу 4 милијарди денари во фондот за ПИО со што го стабилизираме системот и обезбедивме сигурна и континуирана исплата на пензиите. По реформата исплативме пензија без позајмици. Исто така, со закон предвидовме два пати во годината усогласување на пензиите и трето зголемување кое ќе се прави ако имаме економски раст над 4 проценти. Ова ќе значи дека повеќе нема да се прават ад хок зголемувања туку усогласувањето ќе се прави според законската рамка – истакна Царовска.

Просечната пензија во Република Македонија порасна од 13.754 денари во декември 2016 година на 14.580 денари во март годинава. Пензиите редовоно се исплаќаат и продолжуваат да растат. Со пензиската реформа МТСП го стабилизира системот и обезбедува праведност за двете групи корисници, сегашните и идните пензионери.