Добро образование и поставување добри основи во раното детство се предуслов за подобри посигнувања понатаму во животот, покажуваат поновите научни истражувања. Децата што биле вклучени во предучилишно образование имаат подобри резултати и способности за учење од оние кои не биле вклучени и тоа може да се види  уште во прво одделение од основното образование. Затоа е потребно постојано зголемување на капацитетите и компетенциите на целокупниот кадар што е вклучен во предучилишното образование, што е цел и на денешната работилница за професионални компетенции за воспитувачите за подобрување на развојните резултати кај децата.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека приоритет на оваа Влада е инвестицијата во децата, дека интензивно работи на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за кој до крајот на мандатот очекува да бида околу 50 отсто. Во моментов во претшколско образование се вклучени околу 1/3 од децата во Македонија. Особено проблематично, според неа, е што во руралните средини пристапот, а со тоа и опфатот е многу мал, и оти се работи и овие состојби да се променат. Заедно со зголемување на опфатот, се работи и на зголемување на компетенциите на кадарот со цел децата да добијат квалитетно образование и воспитание.

– Сите оние кои се вработени кои ги растат нашите деца во градинките треба да ги имаат истите компетенции со цел децата во најрана возраст да се стекнат со сите вештини и знаења кои им се потребни за во животот да можат да ги пресретнат сите предизвици, а знаме дека се многу. Научно е докажано дека децата кои добиваат добро учење во раната возраст имаат подобри перформанси во основно, средно и високо образование и придонесуваат повеќе во економскиот раст и развој на една држава, рече Царовска.

Таа потенцира дека интензивно се работи и на ширење на инфраструктурата и на зголемувањето на капацитетите, но и оти се работи на зголемување на компетенциите на вработените. Идентификуван е недостиг на кадар, и затоа одобрени се вработувања на околу 1.200 лица.

Министерот за обарзование и наука Арбр Адеми истакна дека се работи на системско решение и усогласување на воспитно образовниот процес и во градинките и во основните и средните учулишта.

– И денешната работилница е дел од активностите за подобрување на квалитетот на образовниот предучилишен и училишен процес. Максимално сме посветени на квалитетот на компетенции и воспитувачи и на едукатори и на подобрување инфраструктурата во училиштата и градинките, како и на подобрување на квалитетот на наставните планови и програми, рече Адеми.

Преставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс рече дека мора да се озвоможи еднаков пристап на сите деца до претшколско образование, зашто децата од најсироашните семејства имаат 200 пати помала шанса да бидат вклучени за разлика од побогатите. Тоа, потенцира Перкс, мора да се промени.

– Ова не е фер бидејќи ако погледнете во училница во прво оделение во основно образование може да забележите дека има големи јазични разлики, како и разлики во способноста за учење на децата што посетувале или не посетувале претшколкси образование, рече Перкс.

Според него, раните години во детството се период кога се поставуваат основите и доколку сакаме тие да бидат база за добар социолошки, економски и демократски развој мора да им се даде првокласно образование на децата од тригодишна воздраст па натаму.

– Затоа потребно е унапредување на компетенциите на сите кои се вклучени во процесот на претшколскио образование за да можат да им помогнат во социјалниот,емоционалниот и когнитивниот развој на децата, рече Перкс.

Тој додаде дека добриот обазовен процес уште во најраната возраст ќе им ги развие сите способноти на децата потребни за натамошниот живот, како способност за учење, истрајност, соочување со предивиците и носење одлуку битни за нивниот живот.