Од Министерството за образование информираат дека почнала со работа групата којашто ќе ги прави реформите на основното образование.

Министерката Мила Царовска, денеска го одржала првиот состанок со претставниците на групата во која се вклучени вработени од Биро за развој на образованието, универзитетски професори, наставници од основно образование, УНИЦЕФ и Македонски центар за граѓанско образование.

– Планот е да создадеме образование достапно на сите, образование кое ќе создава граѓани кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи. Во фокусот на реформата ќе бидат учениците, како и наставниците кои треба да бидат поддршка во учењето на децата – истакнала Царовска.