Здружението „ХЕРА“ ја поздрави одлуката на Владата за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование.

-Ја поздравуваме одлуката на Владата донесена на 162 седница за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование во 9. степен на основното образование. Ова е плод на двегодишната работа на работната група при Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за финансии и ХЕРА за идентификување на национални стратегии за подобрување на содржината на сексуалното образование во наставата.
Според најавата на Влада – пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено да отпочне со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата. Резултатите од пилот проектот ќе овозможат подготовка на сеопфатен модел и план за воведување на сексуалното образование во училиштата согласно потребите на младите и реформите во образованиот систем – се вели во соопштението.