Фото: Маја Јаневска-Илиева

Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Ова на Твитер го напиша еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, по објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“.

– Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од нелегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата – напиша еврокомесарот на Твитер.