Фото: Маја Јаневска-Илиева

Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер му ја честиташе победата на Стево Пендаровски на претседателските избори што се одржаа синоќа.

-Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија. Со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ-агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни- напиша Хан.

Хан додаде дека Македонија може да смета на континуирана поддршка од ЕУ за европската перспектива на земјата, во согласност со аспирациите на народот.