Помеѓу Македонија и Јапонија секогаш имало добри контакт и тие треба да се зајакнат за поголема мобилност меѓу луѓето од двете земји.

Ова го порачува јапонската амбасадорка во Република Македонија Кеико Ханеда.

– Соработката може да се интензивира во секој поглед. Нема многу туристи од Јапонија кои доаѓаат во Македонија, па една од работите во иднина би била да се зголеми тој број и се надевам дека ќе се успее во тоа. Да се види меѓу другото македонската култура, регионот на грозјето и виното, а ете прочитав и за откриените фосилни остатоци од изумрен вид на слон, кој живеел овде пред околу осум милиони години, вели Ханеда.