Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваа на завршната вежба на припадниците на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи – Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини.

Обуката, како дел од билатералната техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи од двете држави, беше реализирана во периодот од 24 јуни до 5 јули 2019 година, како втор модул што го следеа 17 припадници на оваа единица и тоа осум од напредно ниво и девет од основно ниво.

Обуката и оваа година, како и минатата, ја реализираат обучувачи од CNEAS – Националниот центар за обука, алпинизам и скијање во Шамони, кој припаѓа на ЦРС службите (Републички компании за безбедност) Жером Дардулија и Алексадар Пулак. За поуспешна реализација на нивните активности придонесоа донациите во опрема на француската амбасада во Скопје, како и донациите на Делегацијата на Европската Унија во земјава.