Француската амбасадорка во Бугарија, Флоранс Робин во гостувањето на емисијата „Светот и ние“ на Бугарската национална телевизија, изјави дека е свесна оти меѓу Софија и Скопје постои спор, но најважното за неа е потребата да се создаде можност за помирување меѓу двете земји.
Робин истакна дека не станува збор за давање зелено светло за влез на Македонија во Европската Унија, туку за почеток на преговори, кои ќе потраат повеќе години. Таа говореше за приоритетите на Франција во текот на престојното претседателство, кое почнува од 1 јануари 2022 година, а меѓу нив се и да се преземат чекори да се отворат позитивни патишта за Република Македонија, а не да се случи ситуација, во која земјата би се дестабилизирала.
Освен тоа, додаде таа, Бугарија, која е членка на ЕУ, може да постапи на начин со кој ќе помогне. Француската амбасадорка изјави дека истовремено треба да бидат заштитени законските интереси на Бугарија.
Робин нагласи дека Балканот е во срцето на Европа.
– Тоа е факт како од географска гледа точка, така и од историска. Балканот имаше многу важна улога во судбината на Европа и затоа претседателот Макрон е убеден дека Европа треба да преземе поголем ангажман на Балканот, како на политички, така и на економски план. Треба да се направат напори за инвестиции, за развој на инфраструктурата, за повеќе солидарност – истакна Робин.