Европратеникот Кнут Флекенштајн порача дека е тешко замисливо унгарските власти да му доделат азил на поранешниот премиер во бегство.

-Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му додели азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Прво затоа што Груевски може да биде сигурен дека ќе добие правично судење во Скопје, а второ, секогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на азил во неговата земја, напиша европратеникот.

Синоќа Европската Комисија побара почитување на владеењето на правото во земјите членки како и во земјите кандидати на ЕУ и порача дека судскиот процес не смее да се политизира.