Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус.

– Вториот случај кој го тестиравме за коронавирус е негативен. Станува збор за патник кој шест дена престојувал во Дубаи и има инфлуенца тип Б – рече Филипче.

Министерот повтори дека се задолжени сите образовни институции и ќе треба да ги одложат сите патувања во северна Италија, бидејќи така одлучила Владата.

Филипче побара од сите граѓани да не патуваат таму, доколку немаат неопходна и неодложна обврска.