Целосното укинување на квотите за лекови на рецепт ќе почне на 1 октомври. Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот се прават анализи за тоа каков ефект има мерката во градовите каде се спроведе укинувањето.

– Покрај ова, во периодот што следи ќе се реновираат над 30 јавни здравствени установи. Успеавме да воведеме биолошка терапија на клиниките во Скопје, ќе добијат над 30 нови молекули со новиот начин на набавка. Сите пациенти на кои им беше потребен нов инсулин веќе го добија, стигнува и лекот спинраза за децата со спинална мускулна атрофија. Продолжуваме со големиот број на вработувања, близу 5000 согласности се издадени од почетокот на 2018 година досега, а ќе се вработат и сите доктори и медицински сестри кои се јавија на јавниот оглас што го објавивме пред неколку месеци – додаде министерот Филипче во денешната изјава за медиумите.