Попладнeво на коронавирус е тестирано уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а резултатот е негативен, соопштиија од Министерството за здравство.

Претходно денеска министерот за здравство, Венко Филипче, повикувајќи се на растечкиот број на новозаразени во европскиот регион, информираше дека контролата на системот за заштита и превенција во земјава се подигнува на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор-карта“ за сите патници во авионите на „Визер“ од Милано и Венеција, на скопскиот и охридскиот аеродром.

– Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад или пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките – потенцираше министерот.