Уште еден земјотрес ја потресе Македонија во 15.25 часот. Земјотресот е регистриран на интернет-страницата на на Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).

Eпицентарот на земјотресот со интензитет од 4,7 степени според Рихтер, бил во близина на националниот парк Маврово, на длабочина од 6,2 километри.

Потресот бил почувствуван во Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола и во други македонски градови, како и во соседна Албанија.