Фото: Илустрација

Локални излевања на Вардар кај Рашче, на Крива Река и на Пчиња во кумановскиот регион, како и водотеци во охридскиот и битолскиот регион се предизвикани од врнежите, соопшти УХМР, предупредувајќи и на појавата на појавата на заезерување во одредени делови на Пелагонија и на Полог.

Според УХМР се очекува сите водостои кај водотеците и езерата да бидат во покачување поради временската состојба. Како најкритични точки се посочуваат горниот и средниот тек на Вардар, Треска, Лепенец, Пчиња…

Во случај на појава на интензивни врнежи во текот на денот на југот и југоистокот се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците во овој дел од Македонија.

– Предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони – соопшти УХМР.