Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 20 степени.

Во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата. Врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне, претежно во јужните делови од земјава.