Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец. Минималната температура ќе се движат од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. 

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб, претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени.

Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а во петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.