Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Според информации од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 21 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.

УХМР најавува дека и во наредните денови следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

В сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во деновите од викендот ќе предизвика намалување на температурата за неколку степени.