Утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини, најавија од УХМР.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 13 до 17 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во вториот ден од викендот ќе се задржи стабилно, сончево со умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини.

Утринските температури на повеќе места ќе бидат околу нула, а во првите два дена од следната седмица поради зголемена облачност насекаде ќе бидат позитивни.

В понеделник во западните делови ќе има услови за слаб дожд.